Девојчето со панделка

Откинат дел од мојата фантазија ♥●•٠·

Научи ме

Научи ме да заборавам, а потоа колку пати сакаш напушти ме…

Научи ме да плачам без солзи, а потоа колку пати сакаш разочарај ме…

Научи ме да сакам без срце, а потоа колку пати сакаш скрши ме…

Дали е ова крај или само нов почеток?

Неколку истркалани солзи…
Заборавени спомени…
Искршени срца…

Небо преполно со ѕвезди..
Полна месечина..

Јас како ноќен талкач, заробена во последната ѕвезда која ја прави големата мечка, со искрени детски солзи во очите се молам за утрешниот ден.

Скршените соништа болат премногу,а зборовите стануваат прескапи за да бидат изговорени, кога приказните се ближат до сопствените краеви.

Дали е ова  крај … или само нов почеток?

730b4fbd4b3df4a8febf65d02fd4f33c

Не, нема да е крај…Ќе биде почеток.Нема да ја раскажувам сопствената приказна…нема да ги наполнам и вашите очи со солзи, поради нанесената болка на едно суштество… Не, нема да е крај!!!

Секој текст е вреден да се прочита

Изгубена во своите емоции. Ја барам проклетата вистина. Се барам себеси, во лавиринтот на животот. Онака гола, како од мајка родена трчам по ливадата, нозете чувствуаат умор, но авантуристичкиот дух е несопирлив. Бара уште и уште.. Иако телото чувствува болка, духот не се предава… И конечно паднав, нозете не ги чувствува, целото тело едноставно ме болеше, но тоа беше слатка болка. Бев среќна, своја, единствена, гола..

When you’re feeling down just close your eyes..

Останав само неколку секунди во легната положба, сакав уште болка и умор, сакав да одам до крај на патот, да видам колку може моето тело и дух заедно да издржат. Станав и почнав да чекорам по патот, луѓето ме гледаа. Некои од нив ме исмеваа, други ме мразеа- сум давала лош пример на нивните деца, трети ме уговараа. Но имаше и такви кои ми се восхитуваа бидејќи знаев добро да се носам со несовршеностите.. Најважно од се е, што луѓето зборуваа. Тие чекаа некој таков настан, за да можат конечно да ги отворат своите усти. Но, јас одамна престанав да се грижам за мислењето на луѓето, тие во секој случај ќе имаат мислење… Тоа е нивно право, јас само сакав да живеам на свој единствен начин.. Додека минував низ центарот на градот, пеев колку што ме држеше гласот :

Иако не сум била во Африка, имам чувство како таму да живеам..
Мајмуни и слонови околу мене, и по некој гепарт чека во заседа.
Биволи и жирафи ви чипови..Зебри костумосани, со актовки.
Кобили нашминкани.

На тој начин уште повеќе создавав презир во очите на минувачите. Ме мразеа бидејќи сум различна,а не забележуваат дека тие сите се исти.. Јас сепак бев среќна.Од предолгиот пат нозите почнаа да ми крварат, но тоа беше слатка болка, поминав преку планини, градови, мориња, реки, мучуришта. Но,каде и да застанев луѓето – ме уговараа.Некои од нив ми фрлаа пари за да си купам облека, но, никој незнаеше дека тоа е најдоброто чувство, да чекориш околу светот гол, несовршен, свој. А, јас конечно бев среќна.

But when you’re happy in front of people, they will do everything to see you down.

Неколкумина полицајци и градоначалникот на градот ми ставија лисици на рацете, ме кажаа толку болни зборови, што едноставно среќата која во мигот ме исполнуваеше, сега ме тресна толку силно на земја. Солзите беа готови да направат лузни, на совршеното лице со насмевка. Од толпата која што се насобра околу мене се слушаше ракоплескање. Се почувствува како дрвената кукла во ормарот на баба ми, со која што си правевме театарски сцени и кога ќе ни здосадеше ја фрлавме пак во ормарот, меѓу износените шевја…Ете баш така се чувствувах.

…Но,тие не ме победија.. Можеби ми ја затворија устата, но не ме победија. Бидејќи секој пат ќе се враќам се посилна и посилна .

Е, тогаш доаѓа таа проклета болка

До: Лујза Андрич
(оставено на гробот на баба ми, пред 5години. Напишано со моја рака, но, зборовите излезени од скршеното срце на дедо ми)

Драга моја, дали знаеш што се случува…

…кога сакаш да врескаш, а едноставно гласот те издава?
…кога сакаш да плачеш,а солзите тогаш пресушуваат?
…кога патот по кој чекориш,наеднаш го снемува?
…кога најдобриот пријател ти забива нож во рамото, на кое што претходно плачел?
…кога сакаш да сонуваш, а очите не се затвараат?
…кога сакаш да се молиш, а зборовите исчезнуваат?
…кога Господ ти ги зема најмилите?
…кога Господ те зеде тебе?

Што тогаш драга моја?
Е, тогаш доаѓа таа проклета болка!!!

YouTube Preview Image

Забрането е копирање, дистрибуирање и јавно прикажување на овој текст во целина или било кој дел од него без претходна дозвола.


Се губам себеси …

Бакнежи…

Допири…

Прегратки…

Разголени тела и души.
Стоиме еден до друг.

Те гледам-ме гледаш..

Повторно преполни со гревови.

Чувствувам треперење на очајот…
Глас во тишината,
бегање од спомените…

Сега сме само јас и ти ..

Полноќна тишина
твојот здив врз мојата топла кожа.

И ете повторно поплава од спомени.

Од помислата дека повторно ќе те изгубам
Се губам себеси.